Изборниот процес непречено се спроведува територијата на Општина Струга, каде на 101 избирачкo местo ќе можат да гласаат вкупно евидентирани 60.810 лица со право на глас. Промени на локација во Струга има само на две избирачки места, информира ОИК Струга.

Гласањето непречено се одвива и на територијата на Општина Дебрца, каде се евидентирани 4.422 гласачи кои ќе гласаат на 28 избирачки места. Таму нема промени на локациите на гласачките места.

Поради новонастанатата ситуација со епидемијата на КОВИД-19, за прв пат гласачкиот процес наместо 12 ќе трае 14 часа, гласањето ќе се одвива од 7 часот наутро до 21 часот вечерва.

OhridNews