Тековно и без проблеми се одвива гласањето во избирачкото место 1272 во Охрид каде се врши прегласување во рамките на вториот круг од Парламентарните избори 2024 година.
До 15 часот своето право на глас го оствариле 226 лица односно 31,79% од запишаните гласачи во Избирачкиот список. Споредбено со гласањето на 8-ми мај забележана е помала излезеност до 15 часот за 11,53%, велат од Општинската изборна комисија во Охрид.
Во ова избирачко место во Избирачкиот список се запишани 711 гласачи и едно лице во посебниот избирачки список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување.
Вчера за гласање беа пријавени две болни и изнемоштени лица од кои правото на глас го оствари едно лице.
Процентуално излезеноста на ова избирачко место до 19 часот на изборите одржани на 8-ми мај беше 63%.
Н.С.Ј.