Деновиве во центарот на Токио се одржа премиерата на филмот „The Iron Lady” во кој главната улога ја толкува оскаровката   Meryl Streep. Оттаму и премиерата во јапонската престолнина  наликуваше на Оскар, а појавувањето на Meryl Streep предизвика огромно воодушевување кај присутните.


-Го донесов филмот со голем респект иако чувствував мал притисок со оглед на тоа дека Американка глуми премиер на Велика Британија, изјави Стрип, која на промоцијата ја придружуваше режисерката Phyllida Lloyd.


Филмот „The Iron Lady”  е посветен на британската премиерка Маргарет Тачер една од најмаркантните политички фигури во светот во 80-те години од минатиот век.


Оскаровката Мерил Стрип

Од Токио за OhridNews
Адријан Битрак