Една од најгламурозните новогодишни забави со сигурност би била онаа на милијардерот Роман Абрамович. На дочекот организиран на Карибите, Абрамович бил опкружен со славни холивудски имиња. На забавата присуствувале Ештон Качер и Деми Мур, како и членовите на групата “Black eyed peas”.
И порај огромниот број звезди Абрамович изгледал како да му е здодевно. На забавата присуствувале уште и раперот Пи Диди, Елен Деџенерес, Алиша Кис, како и режисерот Џорџ Лукас. Повиканите на карибскиот остров стигнале со хеликоптер неколку дена пред новогодишната ноќ.