Околу 700 гости вчеравечер во Сината ( Дијамантска) сала присуствуваа на свадбата на Христијан и Ивана Шапкар. Бројни членови на фамилиите на зетот и невестата, членови на семејствата на видни бизнимени од земјава, како и бизнисмени кои допатуваа од Америка и Европа присустуваа на најголемата свадба одржана во Охрид до сега.
– Целата церемонија од страна на славениците беше доверена на приватна фирма која е професионална во организирање на свадби. Покрај членовите на семејствата , присутни беа бројни гости,пријатели и бизнисмени од земјава и странство, но бидејќи се работи за приватна церемонија нема да спомнам никој – кратко ни изјави Љупчо Таневски, портпаролот на Амак СП.
Свадбата се одржа салата во која се организираа НАТО форумот и Самиот на претседатели
На свадбената церемонија гостите ги забавуваа Харис Џиновиќ, Снежана Савиќ, групата „Нели ти реков“ и „Силви бенд“. Со многу стил и раскош но и високо расположение гостите останаа на веселбата до 5 часот утрината, а на нашата народна песна не останаа имуни ни бројните бизнисмени странци кои играа и се веселеа на ората заедно со домашните гости, ни рече Танески.
Харис Џиновиќ ги забавуваше гостите
На денот на свадбата во најпознатите фризерски салони и салоните за убавина во Охрид не можеше да се добијат услуги бидејќи истите целосно биле резервирани од поканетите гости , а од бутиците во чаршијата велат дека повеќе продавале за свадбата одколку за матурите.
од церемонијата во црква
Христијан и Ивана Шапкар по неколкугодишна врска граѓански брак склучија неколку дена пред свадбената церемонија, а пред Бога на вечна љубов се заколнаа вчера во црквата Св. Ѓорѓија.
ohridnews