Во Париз била прикажана колекција на висока мода од модната куќа „Версаче“, за пролет лето 2012. Ова била прва ваква ревија на „Версаче“ од 2004 година, па гламурот бил очекуван меѓу избарните посетители. Холивудските убавици Дајан Кругер и Камерон Диаз пристигнале први и зазеле места во првиот ред.

Тие две се определиле за еднобојни шик комбинации во кои ги покажале своите долги нозе. Самата колекција била во светло зелени нијанси, вртоглави потпетици од 12 сантиметри, мини фустанчиња и провокативни шлицови на подолгите модели. Во мода се враќаат корсетите, коњските репови и шминката „смоуки ајс“.