Полицаец добил отказ, а двајца негови колеги се суспендирани поради тоа што заборавиле дека имаат притвореник. Притвореникот поминал два дена без храна во затвор во американската сојузна држава Орегон.
„Едноставно го заборавија“ – рекол портпаролот на судот и додал дека во ќелијата имало вода за пиење и тоалет.
Притвореникот чекал судење за поседување и продажба на дрога.