Наспроти верувањето дека гладта не прави раздразливи, стигниува добра вест, гладта всушност не прави среќни.

Во моментите кога осеќаме глад, телото го излачува хормонот герлин кој го олеснува стресот. Истражувањето е спроведено врз глувци. Оние глувци кај кои хормонот герлин бил низок, тие биле депримирани, а во вода немале желба за пливање. Во друштво на глувци кај кои се лачел тој хормон тие се држеле понастрана.


Глувците кај кои се лачел хормонот биле друштвени и склони кон истражување. Експертите тврдат дека однесувањето на глувците може да се поистовети и со човечкото однесување.

Интересно е тоа дека дејството на хормонот герлин може да предизвика и зависност, што објаснува зошто анорексичните луѓе се трудат тоа чувство да го задржат што подолго.