Пред ГРК Охрид е најважниот натпревар сезонава. „Гладијаторите“ во мечот со романската екипа Потаиса Турда од 2 коло на ЕХФ Европскиот куп влегуваат со респект кон противникот, но и со оптимизам дека можат да остварат победа која ќе им овозможи предност пред реваншот.
Треба да го оставиме поразот од Пелистер позади нас. Не очекува најважниот натпревар во Европа кој е награда за добриот пласман во лигата минатата сезона. Турда е добра екипа, но се надевам дека ќе се покажеме во најдобро светло и на реваншот во Романија ќе отпатуваме со што поголема победа, вели Рудолф Сафранко, централен бек на ГРК Охрид.
Натпреварот се игра во сабота, 19 октомври, со почеток во 19 часот во спортската сала „Билјанини Извори“.
OhridNews