Во последното коло од ракометниот плеј-оф, ГРК Охрид вечерва на домашен терен ја пречекува екипата на ГРК Тиквеш во меч со кој „гладијаторите“ го слават пласманот во евро куповите.
Од клубот упатуваат повик до охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број на натпреварот да им дадат поддршка и заедно да го прослават овогодинешниот успех.
Влезот за натпреварот што се игра од 19 часот е слободен!
OhridNews