Со натпреварите од 8-то коло, викендов продолжуваат возбудувањата од плеј-офот во ракометната Супер лига. ГРК Охрид е домаќин на Еурофарм Пелистер 2.
Во редовите на домаќинот владее оптимизам, а „гладијаторите“ најавуваат голема борба за бодовите кои се од големо значење за двата тима.
На натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 очекувам да прикажеме вистинска машка борба на домашен терен. Како на натпреварот со Бутел да го сведеме противникот на минимум голови и да ја покажеме таа игра во одбрана која не краси. Очекувам тежок меч. Нема да биде ни малку лесно, но ние сме домаќини и ќе дадеме 100% од себе бодовите да останат во Охрид. Ни требаат победи да се кренеме уште повеќе, вели Дејан Шешиќ.
Натпреварот се игра во сабота со почеток во 19 часот во салата „Билјанини извори“.
OhridNews