Охридските „гладијатори“ претпрпеа пораз 30-25 на контролниот натпревар, кој го одиграа против Пелистер во Битола.
Тренерот на охриѓани, Горан Андоновски покрај поразот од Пелистер е задоволен од перформансите на неговите избраници.
– Позитивно сум изненаден од моите избраници кои одиграа многу квалитетен натпревар и му парираа на засилен Пелистер. На мечот во Битола шанса добија сите ракометари и што е за право ја искористија – рече Андоновски. Следната недела се очекува Пелистер да допатува во Охрид и уште еднаш да ги одмерат силите со охридските ракометари.
Мх.П.