Охридските ракометари на мечот со Борец во првото коло од пролетната полусезона го покажаа својот квалитет и заслужено ги освоија бодовите победувајќи со 30-21. Гостите парираа само 15-тина минути, а потоа на дело излезе охридската класа која донесе 11-та победа во Супер лигата. Во следната рунда на гостувањето во Прилеп, „гладијаторите“ со триумф ќе имаат можност да ја заверат втората позиција на табелата.

OhridNews