Охридските ракометари по втор пат ќе учествуваат во завршницата од Купот на Македонија, откако во финалето од четвртфиналната рунда која се одржуваше викендов во „Билјанини Извори“ ја совладаа екипата на Струга со 32-25 (21-13).
„Гладијаторите“ комплетно ја оправдаа фаворитската улога во четвртфиналната рунда и без поголеми проблеми и трошење на силите стигнаа до нов пласман меѓу четирите најдобри во најмасовното клупско натпреварување во нашата земја.
Што се однесува до финалниот натпревар, охриѓани очекувано лесно славеа над младиот состав на Струга кој добро се престави во четфртфиналната рунда.
Првиот дел домаќините го добија со осум голови предност (21-13), а во вториот дел имаа двоцифрена предност која на крајот Струга успеа да ја раситни и да го ублажи поразот за конечни 32-25.
Покрај охридскиот состав пласман во завршницата од Купот на Македонија обезбедија Металург и Еурофарм Работник, а последниот патник се очекува да биде Вардар кој е актуелен првак.
Р.К. Охрид: Стојаноски (2 одбрани), Тасески (1 одбрана), Трајкоски (7одбрани и 1 гол), Босоевски, Андоновски 5, Младеновски 3, Блажески 7, Новаковиќ 3, Јанев 6, Кобетиќ, Адамовиќ, Кежиќ 1, Димитријевски 1, Трифуноски, Белески 5, Најдески.
Р.К. Струга: Велиќиќески , Попоски 3, Куциноски 3, Нацев Н., Гронки, Вранишкоски, Нацев Т. 5, Дукоски 1, Димоски 5, Крстаноски, Мечкароски (7 одбрани), Матовски, Скепароски 1, Бајрамоски 3, Кузманоски 4.
Фото галерија:
OhridNews