Трите преостанати мечеви во плејофот од Супер лигата се клучни за охридските ракометари за пласманот на посакуваната четвртата позиција која води во Европа.


Финалните битки ракометарите на Охрид ги почнуваат в среда во Струмица против истоимената екипа која успеа во „Билјанини Извори“ да го освои целиот плен.

– Поразот од првата етапа од плејофот на домашен терен никако не им го забораваме. Против Струмица немаме друг избор освен победа и без размислување најавувам атак од првата минута. Посакувам моите играчи барем половина од мотивацијата и желбата од мечот со Металург да ја „понесат“ и во Струмица. – рече Горан Андоновски.


Натпреварот во Струмица се игра в среда во 18 часот, а правдата ќе ја делат скопските арбитри Дејан и Димитар Георгиевски.

OhridNews