Охридските ракометари со победа против „езерскиот“ ривал Струга 33-21 (14-8) ги завршија подготовките за пролетниот дел од Супер лигата.
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски по втор пат за два дена ја демонстираа силата и разликата во квалитет меѓу двата состави.
Екипата на Струга, која е составена од млади ракометари не им пружи достоен отпор на „гладијаторите“ кои со победа ќе го дочекаат продолжението од Супер лигата.
„Белите“ во подготовките одиграа контролни натпревари со Пелистер, Прилеп, Преспа и Струга и забележаа ветувачки резултати.
Втората полусезона охриѓани ја започнуваа во Штип против составот на Текстилец на осми или деветти март.
Мх.П.