Во Штип против претпоследно пласираниот на табелата, Текстилец охридските ракометари ќе го одиграа последниот натревар во Супер лигата за сезонава.


„Гладијаторите“ се прошетаа во плејаутот од Супер лигата победувајќи на осум од деветте натпревари, а иста цел имаат и во Штип.

Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски пред последната рунда и математички ја обезбедија првата позиција на табелата додека штипјани со сигурност се селат во Првата лига.

Двојки : Пелистер – Работнички, Текстилец – Охрид, Металург – Преспа

Табела : Охрид 49, Пелистер 42, Металург 31, Работнички 27, Текстилец 10, Преспа 9.

Мх.П.