Последните резултати во Супер лигата не им одат во прилог на амбициите кои ги имаше охридскиот ракометен состав пред почетокот на сезоната.
Охриѓани во Ресен против домаќинот Преспа ќе ја спасуваат сезоната, а за тоа им е потребна победа со која ќе ги остават во живот надежите за пласман на местата кои водат во плеј офот.
„Гладијаторите“ заостануваат само пет бодови зад конкурентите, но загрижува играта на ракометарите кои веќе три натпревари незнаат за победа.
Натпреварот со Преспа може да биде одлучувачки бидејќи со пораз охридските ракометари речиси целосно ќе ги загубат шансите за пласман во четворката.
Мх.П.