Ракометниот клуб Охрид во петок против Работнички во Скопје ја започнува новата сезона во ракометната Супер лига.


Натпреварот е со почеток во 20 часот, а Македонската радио и телевизија обезбеди директен пренос од примиерата во новата сезона.

За „гладијаторите“ ова е трета сезона по ред во елитата во која имаат амбиции за пласман во плејофот односно разигрување за титулата.

Двојки  : Работнички – Охрид (петок 20ч), Пролет – Радовиш (сабота 18:30ч), Прилеп – Пелистер (сабота 19ч), Борец – Металург 2 (недела 18ч), Вардар Јуниор – Металург (среда 17ч).

Ohridnews