Во недела на 27 овој месец точно во 12 часот ракометарите на Охрид против Металург 2 во Скопје ќе го одиграат вториот натпревар во Супер лигата.
Терминот на одигрување на мечот во „Автокоманда“ е необичен, речиси секогаш натпреварите кои се одвиваат во затворен простор се играат попладне или во вечерните часови.
Избраниците на охридскиот стратег со пораз од Работнички ја започнаа новата сезона и на дуелот со младите „металурзи“ немаат премногу опции.
И втората екипа на Металург претрпе пораз на примиерата во Супер лигата губејќи од Борец на теренот од противникот затоа ова може да се прогласи и меч на две ранетки екипи.
Добри вести за охридскиот тим е враќањето во натпреварувачки ритам на Јосип Кежиќ кој имаше мала минутажа во првиот дуел од Супер лигата.
Двојки 2. коло : Борец – Прилеп, Пелистер – Пролет, Металург 2 – Охрид, Радовиш – Вардар 2, Металург – Работнички.
Ohridnews