Ракометниот клуб Охрид во сабота и во недела ќе биде домаќин на една од четирите групи во четвртфиналето во Купот на Македонија. „Гладијаторите“ се огромни фаворити во својата група каде се наоѓаат уште Металург 2, Струга и Работнички и се освен пласман на завршницата во Купот на Македонија ќе биде големо изненадување.
Охридските ракометари во полуфиналето од четвртиналната група ќе се сретнат со втората екипа на Металург, додека ракометните возбудувања в сабота ќе ги најават тимовите на Струга и Работнички. Победниците од полуфиналните мечеви ќе ги одмерат силите в недела во финалето со почеток во 18 часот.
– Фаворитската улога на хартија треба и мора да ја покажиме и оправдаме на теренот. Ждрепката не посака, не ни даде тешки противници и тоа мора да го искористиме. Во четвртфиналните натпревари влегуваме исто како и во мечевите од плејофот со голема мотивација и желба за победа покрај лесните противници. – изјави десниот бек, Лазар Адамовиќ.
Охриѓани минатата сезона прв пат учествуваа во завршницата од Купот на Македонија и изгубија од Вардар во 1/2 финалето кој подоцна го совлада тимот на Металург во натпреварот за златниот медал.
– Лесната ждрепка не смее да не залажува дека е готово пред време. Треба да ги одиграме двата натпревари на едно големо ниво како сите досега и да покажиме дека местото ние меѓу најдобрите во Македонија. За ривал во финалето в недела го посакувам тимот на Струга, поради ривалството меѓу Охрид и Струга, но за тоа потоа прво имаме задача против тимот на Металург 2. – потенцираше Славиша Димитријески кој со составот на Куманово има учествувано на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Блок билет за двата натпревари во сабота чини 50 денари, додека за финалниот натпревар в недела цената на билетот изнесува 30 денари.
Распоред:
Сабота:
Струга – Работнички (17:30ч)
Охрид – Металург (20ч)
Недела:
Финале 18 часот.
OhridNews