Ракометарите на Охрид првиот натпревар од плејаут лигата ќе го одиграат в среда во 16 часот против Работнички во Скопје.
Мечот, кој беше закажан за викендов беше одложен поради настапите на јуниорската селекција на турнирот во Босна и Херцеговина.
Натпреварите од плејаутот се без резултатско значење за „гладијаторите“, но мечевите ќе послужат за одржување на формата за престојните предизвици во Купот на Македонија.
Мх.П.