Ракометниот клуб Охрид в сабота (19:30ч) на домашен терен против подмладокот на европскиот и македонскиот шампион, Вардар Јуниор ќе ги започне натпреварите во Супер лигата.

„Гладијаторите“ по јубилееен петти пат ќе бидат дел од елитното друштво, а целите се високи односно пласман во разигрувањето за титулата.

После успешното деби и минувањето на Крас Волендам во Купот на ЕХФ охридскиот клуб влезе во финансиска криза и ракометарите се одлучија да не тренираат, се додека не им се исплати личниот доход.

Ракометарите добија амин од управата дека се ќе биде подмирено до петок и потоа ќе можат максимално да се фокусираат на мечевите од Супер лигата.

OhridNews