В сабота со почеток во 19:30 часот против Тинекс Пролет охридските ракометари ќе го одиграат последниот натпревар пред своите гледачи во есенскиот дел од Супер лигата.
– Сакаме со една добра ракометна престава да се простиме од нашата верна публика која во секој меч доаѓаше во голем број. Ветувам дека нема да се предадеме иако не треба да се трошат зборови за квалитетот кој го поседува тимот на Тинекс Пролет – рече Горан Андоновски тренер на „гладијаторите“.
Ремито со Пелистер на домашен и со Овче Поле на гостински терен внесе дополнителна самодоверба во охридскиот состав пред мечот со второпласираниот тим во Супер лигата.
– Со Пелистер покажавме дека формата ни оди во нагорна линија. На мечот со Овче Поле одигравме солидно и победата ни беше в раце, но ја испуштивме. Верувам во моите ракометари дека скапо ќе ја продадат кожата на дуелот со Тинекс Пролет – заврши Андоновски.
Мх.П.