Ракометарите на Охрид в сабота во 18 часот против Текстилец ќе го одиграат последниот натпревар во „Билјанини Извори“ за 2014 година.


Мечот од 14-та рунда во Супер лига ќе биде и последен воопшто за охридските ракометари во есенската полусезона.

Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски се огромни фаворити и се освен победа би било големо изненадување.

Исто така за „сините“ ќе биде шанса да се прекине црната серија од четири меча без победа пред своите гледачи.

Мх.П.