Ракометарите на Охрид в сабота во Битола против составот на Пелистер ќе ја завршат есенската полусезоната во Супер лигата.


Охриѓани имаат полусезона за паметење откако победија на десетте од тринаесетте натпревари во елитата и се најдоа на втората позиција на табелата.

Битолскиот клуб има спротивни успеси од охридскиот и на половина од регуларниот дел од Супер лигата ги загубија шансите за пласман во плејоф.

Натпреварот во битолската арена „Младост“ се игра в сабота со почеток во 18 часот, а ќе го судат скопските арбитри Димитар и Дејан Георгивски.

Ohridnews

Во продажба пуштени влезниците за „Зимската бајка“ со безвременските македонски евергрини и најкреативниот хумор