Ракометниот клуб Охрид в недела во 18 часот против тимот на Борец од Велес ќе ги продолжи мечевите од регуларниот дел од Супер лигата.
„Гладијаторите“ на преостанатите четири мечеви од елитата ќе ја креваат формата за натпреварите од плејофот кои почнуваат следниот месец.
Пулените на Горан Андоновски силите во регуларниот дел од Супер лигата ќе ги одмерат со Борец, Прилеп, Тинекс Пролет и Вардар Јуниор.
Измеѓу мечевите од регуларниот дел од Супер лигата и плејофот ќе се одиграат четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија.
OhridNews