Ракометарите на Охрид успешно го минаа тест натпреварот во Грција совладувајќи го составот на Едеса со 32-24. Охридските сино бели и минатата година беа подобри од грчките ракометари победувајќи ги со 32-30.
Триумфот на „гладијаторите“ во Воден е втор вкупно во подготвителните натпревари. Охриѓани претходно славеа против Прилеп, а претрпеа пораз од Вардар Јуниор во Скопје.
Охридските ракометари во петок во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ со почеток во 20 часот против составот на Еурофарм Работник ќе одиграа нов контролен натпревар.
Регуларниот дел од Супер лигата продолжува следниот викенд, а Охрид во првата рунда од преостанатите четири ќе се сретне со лидерот на табелата Пелистер.
OhridNews