Ракометарите на Охрид целосно и максимално ќе се фокусираат на натпреварите од Супер лигата, откако завршија со мечевите во Купот на ЕХФ после елиминацијата од Порто.
„Гладијаторите“ возбудувањата во суперлигашкото друштво ќе ги продолжат на домашен терен против составот на Пролет од Скопје.
„Пролетерите“ минаа турбелетна недела после победата над Еурофарм Работник. „Фармацевтите“ после заминувањето на Андон Бошкоски го ангажираа Илија Темелковски кој една деценија беше предводник на скопскиот состав.
Испразнетото тренерско место го пополни Гино Стрезоски, кој ќе има пеколно гостување во Охрид на стартот од новата авантура.
Мечот во „Билјанини Извори“ се игра денеска во 19 часот. Цената на билетот изнесува 30 денари.
Двојки: Еурофарм Работник – Борец, Охрид – Пролет, Радовиш – Металург 2, Вардар Јуниор – Прилеп, Пелистер слободен.
Табела: Пелистер 12, Еурофарм Работник 7 (-1), Охрид 7 (-2), Борец 7 (-1), Пролет 7, Радовиш 6 (-1), Прилеп 3 (-1), Металург 2 3 (-1), Вардар Јуниор 3.
OhridNews