Охридскиот ракометен состав во полн состав ќе го дочека дуелот со последнопласираниот Куманово во суперлигашкото друштво, а ќе се одигра в сабота со почеток во 18 часот.

На голот по три меча пауза се враќа Кирил Пецаков. Охридската единица ја залечи повредата на ногата и поизвесно е дека ќе биде во состав. На поситна повреда се пожали Никола Мирков, но и тој ќе биде подготвен за саботниот натпревар.

– Сеуште чувствувам болка, но кога ќе застанам меѓу стативите на ја осеќам и веднаш ја заборавам. Ќе дадам максимум како и на секој меч и се надевам дека ќе помогнам да стигнеме до втор триумф во Супер лигата сезонава – рече Пецаков.

Мх.П.