Ракометарите на Охрид со триумф над Радовиш 35-26 (20-13) во претпоследната рунда од есенската полусезона во Супер лигата се простија од охридската публика.


Гостите одлично го започнаа мечот и поведоа со 3-1, но охриѓани возвратија жестоко со серија 7-2 за водство (8-5) по 13 минути игра.

Од тој момент „гладијаторите“ комплетно ја презедоа контролата на играта во свои раце и со лесни голови ја зголемуваа предноста која на крајот од првиот дел изнесуваше плус седум (20-13).


Домаќините продолжија во исто темпо во вториот дел и по 8 минути игра стигнаа до највисоки плус осум (26-18). И тука не сопреа охриѓани и со уште една серија обезбедија десет погодоци предност на семафарот (31-21).

Охридскиот стратег Горан Андоновски им даде прилика на сите ракометари, а ротацијата во составот гостите ја искористија да намалат еден погодок за конечни 35-26.


Со овој триумф ракометарите на Охрид речиси и да обезбедија пласман во плејофот кој беше посакуван пред почетокот на сезоната.

Р.К. Охрид : Пецаков, Костески (4 одбрани), Колев (10 одбрани), Матески, Павловиќ 1, Андоновски 8, Кежиќ 6, Хогас 5, Белевски 2, Трифуноски 1, Тасески 4, Печенковски 2, Новаковиќ, Вражалица 5, Стојановиќ 1, Иваноски.

Р.К. Радовиш : Паунов (4 одбрани), С. Спасов (1 одбрана), Конзулов 1, Марков 1, Павловски 5, Ѓорѓиев 2, Петрушески 6, А. Спасов 1, Ордев 4, Блажески 6.

Фото : Емилио
Мх.П.