Ракометарите на Охрид забележаа нова победа во Супер лигата, откако на гостински терен со пресврт го совладаа тимот на Пролет со 29-25 (11-13).
За охридските „гладијатори“ ова е шести триумф во елитата во осмиот натпревар и се поизгледен е пласманот во разигрувањето за титулата
Ефикасниот старт на охриѓани (2-0), ги „отрезни“ домашните ракометари кои се до 20-та минута имаа водство.
Неколкуте реализирани напади на Охрид, домаќините ги казнија со голови и на одмор заминаа со два позитива (13-11).
Со серија од 3-1 за највисоки (16-12) го отворија вториот дел домаќините. На оваа серија „гладијаторите“ возвратија со 4-1 за (17-16) на семафарот.
Гол за гол се играше до 46-та минута, а Охрид резултатот по подолго време го изедначи во 46-та минута (20-20).
Резултатското враќање во мечот им даде крилја на охридските ракометари кои со 4-0 серија стигнаа водство (25-21).
До крајот на мечот пулените на Горан Андоновски ја задржаа предноста и запишаа нови три „златно вредни бодови“.
Во стрелците се истакна Блажески со 10 голови, по 4 реализираа Младеновски и Јанев, а по три Андоновски, Кобетиќ и Кежиќ. Трајковски имаше вкупно 6 одбрани, но неколку клучни во вториот дел.
Мх.П.