Охридските ракометари на последниот натпревар за годинава во „Билјанини Извори“ со убедливи 42-11 (25-7) го совлада „фенерџијата“ Текстилец.
Победникот во мечот од 14-та рунда од Супер лигата во ниту еден момент не беше доведен под знак прашалник бидејќи разликата во квалитет беше огромна.
Со шестиот триумф сезонава ракометарите на Охрид ставија точка на серијата од четири натпревари без победа на домашен терен.
Новите три бодови на табелата го враќаат охридскиот состав во игра за местата кои водат во плејофот во продолжението од сезоната.
Р.К. Охрид : Пецаков (11 одбрани), Колев, Костески (9 одбрани), Анѓелкоски 3, Вешоски 3, Андоновски 6, Б. Белевски 4, Николиќ, Наумоски 4, Трифуноски 13, Тасески 2, Поп-Стефанија 1, Соколов 1, Новаковиќ 2, В. Белевски 1, Печенковски 2.
Р.К. Текстилец :Јахјавов, Василев, Данев 1, Каранфилоски, Милевски 1, Ампов, Попов 4, Гичев 4, Кипријаноски (6 одбрани), Чмрлец, Павловски 1.
Фото : Емилио
Мх.П.