Ракометарите на Охрид со триумф над Металург 2 33-27 (18-15) на домашен терен во 19-та рунда ја заверија првата позиција на табелата во плејаутот во рамките од Супер лигата.
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски исто така со победа се збогуваа од охридска публика, која на мечот со Металург ја имаше во мал број.
Новата победа вкупно 16-та сезонава во плејаутот за охриѓани во ниту еден момент не беше загрозена или пак доведена под знак прашалник.
Добрата и организиранаta одбрана на домашниот состав му овозможи на нападот брзи и лесни погодоци што и беше клучот за високата победа.
Суперлигашката сезона ракометарите на Охрид ќе ја завршат на гостински терен против Текстилец, кој заедно со Преспа ќе се преселат во Првата лига.
Р.К. Охрид : Костески (3 одбрани), Пецаков (6 одбрани), Колев (7 одбрани), Анѓелкоски 1, Вешоски 5, Андоновски 2, Костов, Печенковски 3, В. Белевски 2, Трифуноски 1, Тасески 6, Поп-Стефанија, Новаковиќ, Соколов, Левов 3, Караиванов 10.
Р.К. Металург 2 : Даниловски (3 одбрани), Алушовски (7 одбрани), Бешковски 3, Гошевски 1, Грозданоски, Велкоски 9, Маркудов, Давитокоски 5, Матијашиќ 2, Петрески, Секоски 3, Палевски 4.
Мх.П.