По воведниот триумф над Работнички, ракометарите на Охрид денеска во Битола против Еурофарм Работник ќе имаат вистински тест на можностите и квалитетите.
Натпреварот од втората рунда од Супер лигата е окарактеризиран како дерби средба, а охридскиот стратег улогата на фаворит ја препушта на домаќинот.
– Фаворитската улога овој пат им ја препуштаме на нашите противници. Тие се засилија со по два играчи на сите позиции и се меѓу најквалитетните екипи во Супер лигата. Секако, ние нема да се предадеме или отпишеме самите туку ќе одиме со отворен гард да се бориме за бодовите. Притисокот ќе биде на нивна страна по поразот од Пелистер во дербито, но тоа може и мотивирачки да делува на нив. Без разлика на се ќе биде добар натпревар и како сите кои доаѓаат во Супер лигата. – рече Горан Андоновски.
Работник во подготвитетелните натпревари за Супер лигата го совлада Охрид, но силата и резултатите се мерат во официјални пресметки.
Двојки 2.коло: Борец – Работнички, Работник – Охрид, Вардар Јуниор – Тинекс Пролет, Пелистер – Прилеп, Металург 2 – Радовиш.
OhridNews