Ракометарите на Охрид 2011 забележаа
сензационална победа на гостувањето под “Марковите кули“. Избраниците
на тренерот Горан Андоновски со 31-29 (19-15) го совладаа Прилеп 2010.

Благодарение
на нападот охриѓани во текот на целиот меч ги држеа конците во свои
раце. По голот на прилепчани распука Томоски постигнувајќи десет
погодоци. Новата аквизиција десниот бек Мирков и Крсте Андоновски броеа
до седум. 

Поп Стефанија прецизен беше четири, Трифуноски два
пати додека “меч винерот“ со Драчево, Бабачев еднаш ја затресе
противничката мрежа.

За охриѓани ова е трет триумф сезонава, и
тоа прв на гостински терен. Во наредната шеста рунда Охрид 2011 на
домашен терен го пречекува Младост 09.

Мх.П.