Охридските ракометари се враќаат во натпреварувачки ритам во Супер лигата, откако одмараа во третото коло. Во четвртата рунда „гладијаторите“ пред своите гледачи ќе ги одмерат силите со тимот на Радовиш.
„Гладијаторите“ имаат победа и реми во првите три натпревари во Супер лигата, а охриѓани ќе атакуваат на нова победа која ќе ги врати во самиот врв од табелата.
Дуелот со Радовиш исто така охриѓани ќе го искористат за генерална подготовка за престојниот двомеч со Порто во втората квалификациска рунда за пласман во Купот на ЕХФ.
Покрај овој меч кој се игра во сабота во 19 часот и 30 минути во четвртата рунда ќе се сретнат Еурофарм Работник – Металург 2, Пелистер – Борец и Вардар Јуниор – Пролет.
OhridNews