Ракометарите на Охрид забележаа нова победа во Супер лигата, откако пред своите гледачи во осмата рунда од шампионатот го совладаа составот на Прилеп со 30-28 (16-13). За охридските „гладијаторите“ триумфот над Прилеп е трет во серија, а петти вкупно сезонава во ракометната елита.

Речиси половина полувреме им требаше на домашните ракометари да ја стабилизираат играта во одбрана која изгледаше пробојна како никогаш до сега. После стегнатиот обрач пред голот дојде и првото водство (8-7) во текот на мечот за „гладијаторите“.

До последните пет минути во првиот дел никоја од екипите резултатски не се одлепи. Финишот во целост им припадна на охриѓани кои максимално ја искористија добрата игра во одбрана за предност (17-13) по триесет минути игра.

Охриѓани на стартот од вториот дел влегоа мотивирано и одлучно, што им го трасираше патот до победата. Со серија 5-1 стигнаа до највисоките осум погодоци предност (22-14), а скоро достигнаа и двоцифрено водство на семафорот.

Големата негатива не ги поколеба прилепчани кои пробаа игра со двајца пикери и без голман и успеаја да го ублажат поразот (30-28).

Клучна улога во победата на Охрид одигра голманот Александар Стојаноски, додека во листата на стрелци се истакнаа Блажески со 9 голови и Димитријески и Кљајиќ 5 голови. Кај гостите најпрецизен беше Јанчев со 8 погодоци.

Во деветтата рунда Охрид гостува во Битола кај лидерот на табелата во Супер лигата, Пелистер.

Фото-галерија:


„Гладијаторите“ рутински со Прилеп.

Мх.П.