Ракометарите на Охрид забележа рутинска победа во „Билјанини Извори“ совладувајќи го Работнички со 20-16 (11-6) во рамките од плејаутот во Супер лигата.


Во неефикасниот натпревар подобро се снајдоа охридските ракометари. На моменти гранитната одбрана пред голот на Колев во првиот дел овозможи лесни голови за комотно водство (11-6) на полувремето.

Домашните ракоматери предноста ја задржаа во вториот дел и запишаа нови три бодови во плејаут лигата со кои ја зацврстија првата позиција на табелата.

Победата над Работнички е најава за дерби средбата со Пелистер која се игра в недела во „Билјанини Извори“.

Р.К. Охрид : Пецаков (7 одбрани), Костески, Колев (6 одбрани), Вешоски, Андоновски 2, Б. Белевски, Печенковски 1, Трифуноски 3, Тасески 4, Поп-Стефанија 1, Соколов, Новаковиќ 1, Костов, В. Белевски, Караиванов 6, Левов 2.

Р.К. Работнички : Ѓуроски 2, Николовски 3, Стефаноски 3, Василевски 3, Долевски 1, Калевски 1, Нацев 2, Јанкулоски 1, Иваноски, Ѓоргевски (10 одбрани).

Мх.П.