Охридските ракометари раните за поразите од Макс Струмица и Прилеп ќе ги лечат в сабота (19:30ч) против тимот на Работнички во 5-та рунда од плејофот во Супер лигата.


Дуелот во „Билјанини Извори“ ќе биде шанса за двете екипи да го освојат првиот бод во плејоф возбудувањата по четирите порази во исто толку натпревари.

– После двата неочакувани порази од Макс Струмица и Прилеп против Работнички немаме право за грешка. Не треба да се навраќаме на мечевите со Струмица и Прилеп, но мора да извлечеме позитивни поуки. Очекувам победа со Работнички и дека од овој натпревар ќе почнеме да играме онака како што знаеме. Им обеќавме на навивачите и на охридската публика пласман на високите позиции во плејофот и ќе направиме се да не ги разоараме. – рече капитенот на екипата, Кирил Колев. 

Во регуларниот дел од Супер лигата екипата на Охрид триумфираше на домашен терен (24-20), а на победа атакуваат и на првата средба во плејофот.

– Работнички иако ќе биде ослабен со неиграњето на неколку стандардни првотимци, не е екипа што треба да ја потецнениме. Бодовите треба да ги освоиме на теренот, а не да ги вкалкулираме пред почетокот на мечот. Мора по секоја цена да победиме и да ја вратиме самодовербата пред мечевите кои не очекуваат во вториот дел од плејеофот. – потенцираше средниот бек Горан Печенковски.

Натпреварот се игра в сабота во 19:30 часот, а цената на билетот изнесува 50 денари.

Мх.П.