Ракометарите на Охрид во втората рунда во плејаут лигата ќе се сретнат со Пелистер во Битола.


Натпреварот, кој е дерби во плејаут лигата ќе биде само за престиж бидејќи и двете екипи имаат обезбедено опстанок во суперлигашкото друштво.

– На сите мечеви во плејаут лигата ќе одиме на победа. Наша цел е да завршиме на првата позиција на табелата во плејаут лигата. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.

Во регуларниот дел од сезоната охридските ракометари два пати ги совладаа ракометарите на Пелистер.

Мх.П.