Ракометарите на Охрид во „Билјанини Извори“ со почеток во 18 часот против Вардар Јуниор ќе го одиграат мечот од деветтата рунда од Супер лигата.


Бодовите од натпреварот кој еднаш беше одложен се од големо значење за двете екипи кои бркаат пласман на местата од табелата кои водат во плејофот.

Формата на „гладијаторите“ сезонава ветува многу, но ракометарите потенцираат дека нема лесен противник и оти одличната игра треба да се преслика на теренот.

Дуелот ќе ја заокружи првата полусезона од Супер лигата во која прв низ целта помина тимот на Металург.

Мх.П.