Охридските ракометари денеска со почеток во 19 часот ќе го одиграат првиот од двата мечеви со холандски Крас Волендам на домашен терен во првата квалификациска рунда за пласман во Купот на ЕХФ.
„Гладијаторите“ месец дена во пеколен ритам се подготвуваа за историскиот предизвик, кој имаат пред себе. Ракометарите се гладни за надигрување, а публиката која ќе биде во голем број желна за ракомет.
Мал пех охридскиот состав имаше на последниот подготвителен натпревар со Металург кога се повреди Марко Кобетиќ. Но, како што најавуваат ракометарите играта на мечот со Крас Волендам ќе биде посветена за хрватскиот интернационалец.
Натпреварот во спортската сала „Билјанини Извори“ започнува во 19 часот, а вратите ќе бидат отворени од 17 и 30 часот. Блок билетите за двата натпреварувачки дена изнесува 200 денари.
OhridNews