Ракометарите на Пролет го освоија целиот плен во „Билјанини Извори“ совладувајќи го составот на Охрид со 21-19 (13-11) во шестата рунда од Супер лигата.
„Пролетерите“ со триумфот во Охрид им го нанесоа првиот пораз на „гладијаторите“ во суперлигашкото друштво.
Охридските ракометари во текот на целиот наптревар имаа резултатска негатива и во игра за поволен резултат се вратија дури во финишот кога изедначија 18-18. Но, гостите не ги пропуштија шансите за победа и го совладаа Охрид за големо изненадување во Супер лигата.
По три голови во тимот на Охрид постигнаа Иван Тасески, Димитријески и Младеновски, додека Пролет до триумф го водеше Ролевски со осум погодоци.
Охрид после четири одиграни мечеви има седум бодови, додека Пролет има 10 и се наоѓа на четвртото место на табелата.
Фото: Гол.мк
OhridNews