Ракометарите на Охрид со 27-25 (14-14) го совладаа тимот на Борец во втората рунда на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ кој се одржува во Прилеп.


Поразот од Работник Еурофамр не остави белег кај охридските ракометари кои по голема борба славеа против Борец и обезбедија меч за трето место на турнирот со меморијален карактер.

Најмногу во охридскиот состав се истакнаа крилата Крсте Андоновски и Бобан Блажевски кои реализираа двоцифрен број на погодоци.

Натпреварот за трето место охридските ракометари во Прилеп ќе го одиграат в недела, а противник ќе го дознаат по комплетирањето на групите.

Фото: Архива
OhridNews