Охридските ракометари во жестоко темпо ги продолжуваат подготовките за пролетната полусезона од Супер лигата.
– Имаме по три тренинзи дневно. Претпладне работиме на кондиционен и физички план додека попладне имаме тренинг со топка. Така ќе продолжиме уште некое време, а потоа ќе одиграме и неколку контролни натпревари – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Охриѓани поради немањето струја во спортската арена „Билјанини Извори“ контролните натпревари ќе ги играат на гостински терен.
Составот на Охрид се засили со искусниот ракометар Мите Караиванов, а не успеа да го убеди репрезентативецот Милан Левов.
Од охридскиот клуб заминаа пивотменот Даниел Трајчески и десното крило Петар Николиќ.
Мх.П.