Охридските ракометари во полн состав отпатуваа и безбедно стигнаа во Португалија каде ги очекува двомечот со Порто во втората квалификациска рунда за пласман во Купот на ЕХФ.
Ракометниот клуб Охрид ја прифати поканата од Порто и двата квалификациски натпревари да ги одигра на теренот од противникот.
Слично беше и во првата рунда, кога охриѓани беа домаќини на холандскиот Крас Волендам и го елиминираа со вкупен резултат 44-43 за пласман во втората рунда.
Првиот меч се игра во сабота, додека реваншот во недела. Почетокот на двата мечеви е закажан во 16 часот.
OhridNews