Охридските ракометари во „Билјанини Извори“ претрпеа пораз од Пелистер 28-29 (13-14) и не успеаа да им се реваншираат на „зелено белите“ за поразот 30-25 пред недела дена во Битола.
По првиот дел, кој изобилуваше со пресврти избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски имаа негатива од еден гол (13-14).
Во вториот дел „зелено белите“ успеаа да ја задржат предноста, а шанса за докажување добија сите играчи од двете екипи.
Охриѓани в сабота во Ресен против Преспа ќе го одиграат третиот контролен натпревар во подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Р.К Охрид : Пецаков 2, Анѓелкоски, Томовски, Андоновски 3, Бојан Белевски 1, Мирков 2, Николоски, Трифуноски 4, Тасески 1, Китевски 2, Соколов 3, Крстески 2, Костески 7, Валентино Белевски 7, Димитриоски 5.
Мх.П.