Ракометарите на Охрид во четврток во спортската сала Автокоманда ќе го одиграат одложениот дерби натпревар со лидерот на табелата во Супер лигата, Металург.


Дуелот со водечкиот тим во елитата ќе биде генарална проба за натпреварот со Радовиш кој ако го добијат „гладијаторите“ и теоретски ќе обезбедат пласман во плејофот.

– Во дербито со Металург не одиме со бело знаме туку одиме да се надигруваме. Во првиот меч на домашен терен околу 45 минути одлично им париравме, а потоа квалитетот и подолгата клупа излезе на виделина и претрпевме пораз. Сепак, сите ние во клубот се фокусираме на мечот со Радовиш кој ако го добиеме со сигурност обезбедуваме пласман во плејофот. Против нив на гостински терен го одигравме најдобриот натпревар сезонава, а истото тоа треба да го повториме и пред своите гледачи во последниот меч за оваа година. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.

„Еден два“ пресметка во Супер лигата на програмата е во четврток во 18 часот додека во истиот термин во недела Охрид ќе го пречека Радовиш.

Охриѓани со 9 победи во 11 натпревари се наоѓаат на втората позиција веднаш за лидерот Металург кој има стопроцентен скор од 11 мечеви.

Мх.П.