В петок со почеток во 19:30 часот охридските сини во „Билјанини Извори“ ќе одиграат контролен натпревар со „езерскиот“ ривал Струга.

За избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски дуелот со стружани ќе биде седми пријателски натпревар во подготовките за пролетниот дел од Супер лигата.

На два од тие натпревари охриѓани забележаа победа, а во три дуели претрпеа порази додека мечот со Прилеп не го дочека својот крај.

Мх.П.